EBRD усвои нова тригодишна стратегија за Македонија

Bez autora
May 30 2013

Европската банка за обнова и развој (EBRD) во четвртокот соопшти дека усвоила нова стратегија за Македонија за периодот 2013-16 година. Стратегијата има за цел да ја поддржи Македонија во интеграцијата на регионалните и глобалните пазари преку вложувањата на Банката и други активности, особено во интензивирана соработка со клучните партнери како што се Европската унија и Европската инвестициона банка. Со стратегијата се дефинираат три приоритети, Корпорацискиот и локалниот сектор, Енергетската ефикасност и одржлив енергетски развој, како и Регионалната интеграција. EBRD ќе продолжи да и помага на Македонија во привлекување и поддршка на странски инвестиции. Банката, исто така, ќе се обиде да им помогне на локалните корпорации и ќе го привлече приватниот сектор да се вклучи во општинскиот сектор со цел со цел да се подобри квалитетот на услугите.

EBRD усвои нова тригодишна стратегија за МакедонијаЕвропската банка за обнова и развој (EBRD) во четвртокот соопшти дека усвоила нова стратегија за Македонија за периодот 2013-16 година.

Стратегијата има за цел да ја поддржи Македонија во интеграцијата на регионалните и глобалните пазари преку вложувањата на Банката и други активности, особено во интензивирана соработка со клучните партнери како што се Европската унија и Европската инвестициона банка.

Со стратегијата се дефинираат три приоритети, Корпорацискиот и локалниот сектор, Енергетската ефикасност и одржлив енергетски развој, како  и Регионалната интеграција.

EBRD ќе продолжи да и помага на Македонија во привлекување и поддршка на странски инвестиции. Банката, исто така, ќе се обиде да им помогне на локалните корпорации и ќе го привлече приватниот сектор да се вклучи во општинскиот сектор со цел со цел да се подобри квалитетот на услугите.

Во делот Енергетска ефикасност и одржлив енергетски развој, фокус на Банката ќе биде да се зајакне капацитетот на регулаторот и да се развијат обновливи извори на енергија преку проекти и преку политички дијалог.

Банката, исто така ќе ја користи својата експертиза за понатамошно промовирање на енергетската ефикасност во приватниот и јавниот сектор, стои во соопштението.

Во врска со Регионалната интеграција, Банката најавува дека тесно ќе соработува со властите, други меѓународни финансиски институции и инвеститори од приватниот сектор за да помогне за подобрување на транспортните мрежи, со што ќе се поттикне поголема прекугранична трговија и инвестиции.

EBRD е присутна во Македонија до 1993 година а досега има потпишано 80 проекти во вкупна вредност од 1,1 милијарди евра. Речиси 36 отсто од овие проекти се во инфраструктурниот сектор, 28 отсто се во финансискиот сектор, 20 отсто во енергетскиот сектор и 16 отсто во индустријата, трговијата и агробизнисот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik